Зграда на денешната Митрополија
Изградена во 80-тите години на 19 век, денешната зграда на Митрополијата е единствена и уникатна градба на овдешниве простори и многу пошироко.
Градена е од локални мајстори со украси на фасадата кои се правени специјално за неа. По својата декоративност и специфичност тие се авторски творечки дела и, што е најинтересно, иако се релјефи работени во гипс, тие се работени по принциппот на копаничарството и дрворезот. Според тој принцип таа спаѓа во единствените вака украсувани објекти воопшто.
Секој кат од Митрополијата на фасадата има фризови со различна содржина и значење.
Симболиката на овие многуројни украсни елементи го прават објектот исклучително богат и раскошен.
Најчесто тоа се христијански симболи: винова лоза, цветови и стебленца испреплетени во вид на крстови, како и одредени букви во вид на цветови.
И во надворешниот дел на фасадата и во внатрешноста на зградата на битолската Митрополија е зачуван посебен македонски барок, достоен да се проучува како градителска и стилска традиција од која започнува една специфична архитектура која слободно може да биде впишана во светското културно наследство.
Граден е со чист архитектонски израз, избегнато е долгото, праволиниски движење низ еден засводен ходник, а вештиот архитект намерно избрал повеќе внатрешни ходници преку кои сакал да ја преслика чаршијата со своите многубројни улички. На таков начин, тој многу вешто и мудро ја избегнал монотонијата на движењето и пазарењето по еден долг ходник, создавајќи кај купувачите љубопитност во смисла „што има во овој или во оној ходник, какви производи се продаваат во дуќаните што не се видливи при влегувањето во објектот“. Оваа испровоцирана љубопитност е вистинска маркетиншка психолошка пропаганда која го поттикнува купувачот да истражува, да согледува, да пребарува, да добива поголема желба за купување и пазарење.
Всушност, таа е доказ дека севкупното архитектонски, културно историски, творечко, креативно, наследство во Битола е своевиден културно-историски светски белег кој и по својата оригиналност и по својата неповторливост може да заземе светско реноме од тој период.
-
Како до локацијата
Објектот е сместен на улица Влатко Миленковски во близина на Старата чаршија и е седиште на Преспанско-Пелагониската Епархија на МПЦ
-
Паркинг
Нема
-
Пристапност
Само од надворешноста на објектот