Фотографското ателје на браќата Манаки
Познати како првите балкански кинематографери, браќата Јанаки и Милтон Манаки го вградиле сето свое знаење и несебична љубов во регистрирањето на голем спектар од настани и личности.
Нивната предодреденост, нивната појава преку „сликањето со светлината“ да ги дофатат сите случувања во балкански и европски рамки е редок пример на храброст, верба и целосна посветеност. Двајцата браќа титански се соочуваат со епските контрасти на животот и смртта кои се среќаваат токму во оваа просветлена европска точка, сликајќи ја сизифовската вечна борба да се дофати светлината на небото наспроти сите мракови кои како поплави доаѓале со вековите кои Балканот го гушеле сурово, неправедно и безмилосно.
Семејството Манаки потекнува од гревенското село Авдела, денешна Република Грција. Постариот брат – Јанаки, во Битола завршил средно училиште и заедно со својот брат Милтон во 1904 година, купуваат дуќан на главата улица Широк Сокак, кој веднаш почнале да го адаптираат во фотографско студио. Тој се наоѓал на местото на денешниот објект на Широк Сокак 102, познат како куќата во која живеел Милтон Манаки.
-
Како до локацијата
Објектот е сместен на најпрометната улица во Битола - Широк Сокак бр 102
-
Паркинг
На 200 метри од објектот е паркингот кај Спортската сала Младост, кој е погоден за секакви возила.
-
Пристапност
Објектот е пристапен единствено од надворешноста