Магаза - Битола
Како важен административен центар со преку триесет различни пазари, сместен на важната магистрала која ги поврзувала Егејско со Јонско Море, низ Битола минувала најразлична стока наменета за домашните и за странските пазари. Магазите кои постоеле во тоа време, а ги имало неколку на број, биле вистинско уточиште за секој трговец кој можел тука да ја складира, да ја изложи или, пак, да ја продаде својата стока.
Објектот Магаза, сместен на поштадот Магнолија, имал токму таква намена, а денес е реновиран и претворен во уметничка галерија во која се поставуваат многубројни изложби од најразличен вид и карактер каде што се одржуваат литературни читања, концерти и други културни манифестации.
-
Како до локацијата
Објектот Магаза е сместен во центарот на Битола на плоштадот Магнолија. Објектот е отворен во периоди кога во него е поставена некоја изложба или, пак, се одржува некаква манифестација
-
Паркинг
На околу 50 метри од објектот има неколку паркинг-зони на кои можат да се паркираат лесни возила.
-
Пристапност
Не е пристапно