Исак џамија - Битола

Видео на знаковен јазик

Исак џамија или позната и како Исакија денес се смета за најубава битолска џамија.Оваа и денес активна џамија е сместена од левата страна на реката Драгор и заедно со Јени џамија и Саат-кулата го одредувале јадрото, центарот на отоманска Битола.

Исак џамија на литографија изработена од фотографија - H. Catenacci - 1878
Исак џамија на литографија изработена од фотографија - H. Catenacci - 1878

Ктитор на џамијата е битолскиот кадија Исак Челеби Ибни Аса кој пред тоа бил солунски кадија. Изградена е во 1508/1509 година, а според сочуваните записи ктиторот во Битола изградил џамија, медреса, мектеб, 20 воденици и 103 дуќани чијшто приход бил наменет за одржување на овој голем вакаф.

Исак џамија Битола

Џамијата има купола висока околу 20 метри и минаре од 45 метри. Иако со своите димензии слични на Јени џамија претставува монументален објект со импозантни решенија и волумени, сепак е храм на духовна повлеченост, односно таа е храм кој повеќе бил посветен на книжевните толкувања на Куранот од страна на дервишите и верските лица за разлика од Јени џамија која била џамија на масовни посети и верски ритуали во контекст со секојдневниот живот на населението.

Од некогашните турски гробишта кои се наоѓаа околу самата џамија, денес се видливи неколку надгробни плочи и гробот на ктиторот кој починал во 1512 год.

Исак џамија Битола
  • Како до локацијата

    Објектот е сместен во центарот на Битола и во непосредна близина има паркинг за обични возила. Исак џамија е активен верски објект и соодветно на тоа треба да се планира и посетата на објектот.

  • Паркинг

    Околу објектот има неколку паркинг-зони на кои можат да се паркираат лесни возила.

  • Пристапност

    Само од надворешноста