Магаза - Битола

Како важен административен центар со преку триесет различни пазари, сместен на важната магистрала која ги поврзувала Егејско со Јонско Море, низ Битола минувала најразлична стока наменета за домашните и за странските пазари. Магазите кои постоеле во тоа време, а ги имало неколку на број, биле вистинско уточиште за секој трговец кој можел тука да ја складира, да ја изложи или, пак, да ја продаде својата стока.

Магаза - Битола

Објектот Магаза, сместен на поштадот Магнолија, имал токму таква намена, а денес е реновиран и претворен во уметничка галерија во која се поставуваат многубројни изложби од најразличен вид и карактер каде што се одржуваат литературни читања, концерти и други културни манифестации.

Магаза - Битола